Фејсбук бара да се одблокираат социјалните мрежи во Мјанмар

од Vladimir Zorba

Фејсбук е загрижен за директивата на властите да ги блокираат социјалните мрежи во Мјанмар и бара итно повлекување на оваа одлука, пренесува Ројтерс.

Воена хунта што ја презеде власта во Мјанмар пред неколку дена им нареди на мобилните оператори да ги блокираат Фејсбук, Инстаграм и Твитер, а пристапот до Интернет беше прекинат минатата сабота.

„Ние сме крајно загрижени за наредбите за укинување на Интернетот во Мјанмар“, изјави Рафаел Франкел, директор за јавна политика на Фејсбук.

„Апелираме до властите да ги деблокираат сите социјални мрежи“, вели Франкел.

Денес во Мјанмар има масовни протести против воениот удар, десетици илјади луѓе бараат ослободување на лидерот Аунг Сан Су Ки, и покрај блокадата на Интернет.

Невладините организации соопштија дека Интернетот е блокиран низ целата земја, при што приемот падна на 16 проценти од нормалното ниво.

Слични содржини