Фејсбук ги укинува „лајковите“ на страниците

од Nikola Popovski

Фејсбук ја укинува опцијата „like“ (лајк) од своите редизајнирани јавни страници што ги користат уметници, јавни личности и брендови, објави компанијата во средата.

Фејсбук страницата ќе ги прикажува само следбениците и ќе има посветен News Feed каде што корисниците можат да се приклучуваат на разговори, да комуницираат со врсници и да стапат во контакт со обожавателите, објави компанијата во блогот.

„Ги отстрануваме лајковите и се фокусираме на следбениците, со цел да го поедноставиме начинот на кој луѓето се поврзуваат со своите омилени страници“, соопшти Фејсбук за редизајнот.

Слични содржини