Фејсбук им забрани на руските државни медиуми да прикажуваат реклами

од Vladimir Zorba

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми да прикажуваат реклами и да заработуваат на платформата, каде било во светот. Фејсбук, исто така, ќе продолжи да применува етикети за руски државни медиуми, изјави на Твитер шефот за безбедносна политика Натаниел Глејхер.

„Внимателно ја следиме ситуацијата во Украина и ќе продолжиме да ги споделуваме чекорите што ги преземаме за да ги заштитиме луѓето на нашата платформа“, рече тој.
Фејсбук претходно лансираше нова опција во Украина која им овозможува на корисниците да ги заклучуваат своите профили за дополнителна безбедност и приватност.

Русија делумно го ограничи Фејсбук како одговор на блокирањето на некои руски државни медиуми. Рускиот регулатор за комуникации „Роскомнадзор“ го обвини сопственикот на Фејсбук, Мета за кршење на „фундаменталните човекови права и слободи, како и правата и слободите на руските граѓани“ со блокирање на страници, вклучувајќи ја и државната новинска агенција РИА Новости.

Твитер, исто така, го прекина рекламирањето во Русија и Украина за „да се осигура дека клучните информации за јавната безбедност се означени и дека рекламите нема да ја намалуваат“.

Слични содржини