Фејсбук избриша дури 2,2 милијарди лажни профили

од Vlatko K

Фејсбук во првите три месеци од 2019 година затвори 2,2 милијарди лажни профили, што
претставува нов рекорд на компанијата.

Тој број е само малку помал од 2,38 милијарди вистински активни корисници на Фејсбук. За
споредба, Фејсбук затвори 1,2 милијарди лажни профили во претходниот квартал и 694 милиони.

лажни профили помеѓу октомври и ноември 2017 година.

Фејсбук за рекордните податоци соопшти синоќа во рамки на редовен извештај што наскоро ќе
биде презентиран многу почесто – четири пати годишно, наместо двапати, и ќе го вклучи и
Инстаграм.

 

Слични содржини