Фејсбук ја укинува опцијата за препознавање лица

од Nikola Popovski

Фејсбук денеска објави дека го исклучува својот систем за препознавање лица, кој автоматски ги идентификува корисниците на фотографиите и видеата и ќе ги избрише снимките на лица на повеќе од милијарда луѓе.

Џером Песенти, потпретседател за вештачка интелигенција на новата матична компанија на Фејсбук, Мета, рече дека компанијата се обидува да ги одмери позитивните случаи на користење на технологијата за препознавање лица со растечките социјални грижи, особено затоа што регулаторите допрва треба да дадат јасни правила во оваа област.

Во 2019 година, компанијата ја прекина практиката на користење на софтвер за препознавање лица за да ги идентификува пријателите на корисниците на поставените фотографии и автоматските предлози за „означување“, а поради таа функција компанијата беше тужена во американската држава Илионоис.

Некои градови во Соединетите Американски Држави им забранија на полицијата и другите локални власти да користат софтвер за препознавање лица, а во 2019 година, Сан Франциско стана првиот американски град што ја забрани оваа технологија, по години критики од страна на застапниците на приватноста и граѓанските слободи.

Слични содржини