Фејсбук најавува 10.000 вработувања во ЕУ, планира да изгради метаверзум

од Vladimir Zorba

Фејсбук, гигант за социјални медиуми, вчера објави дека ќе создаде 10.000 висококвалификувани работни места во Европската унија во следните пет години за да помогне во изградбата на таканаречениот метаверзум.

Компанијата работи со други за да развијат „нова фаза на меѓусебно поврзани виртуелни искуства со користење технологии како виртуелна и зголемена реалност“, или метаверзум, рече шефот на Фејсбук за политика и јавни работи – Ник Клег.

„Метаверзумот има потенцијал да помогне да се отвори пристапот до нови креативни, социјални и економски можности. И Европејците ќе го обликуваат од самиот почеток“, додаде тој.

Клег, поранешниот британски вицепремиер, рече дека инвестицијата е „давање доверба во силата на европската технолошка индустрија“ и нагласи дека Европа е „исклучително важна за Фејсбук“.

„Освен технолошкиот талент што се појавува, ЕУ исто така има важна улога во обликувањето на новите правила за Интернет. Европските креатори на политики го водат патот во инкорпорирањето на европските вредности како што се слободата на изразување, приватноста, транспарентноста и индивидуалните права во секојдневното работење на Интернет“, се вели во соопштението …

Слични содржини