Фејсбук спроведе истражување! Кои се АНТИВАКСЕРИ и колку ги има?

од Stefanija Kuzmanovska

Според „Вашингтон пост“, „Фејсбук“ спроведе истражување врз основа на кое е донесен заклучок дека зад недовербата во вакцините всушност стојат мал број корисници кои учествуваат во голем број дискусии, а нивната цел е да ги обесхрабрат другите и да ги поттикнат да не се вакцинираат.

Недовербата во вакцините е многу постара од социјалните мрежи, а некои претходни извештаи на Светската здравствена организација сведочат дека тоа може да го забави целиот процес на вакцинирање.

Минатиот октомври, „Фејсбук“ објави дека ќе ги забрани сите реклами кои шират лаги во врска со вакцините, а во декември тие рекоа дека ќе ги отстранат сите објави со слични дезинформации.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека има многу објави и коментари кои припаѓаат на „сивата зона“ – тоа се луѓе кои не кажуваат директно лаги за вакцините, но ги преувеличуваат несаканите ефекти и слично, и така вестите се пренесуваат создавајќи негативен впечаток онаму каде што инаку не би го имало.

Оваа теза е поткрепена со потврда на експертите дека постои голема поврзаност помеѓу движењето Qanon и групите кои не веруваат во придобивките од вакцината против коронавирус.

Најновата одлука на компанијата на Цукерберг е да додаде информативни ознаки на објавите поврзани со вакцините.

Слични содржини