Фејсбук статус: Да бидеш келнер или шанкер во Македонија треба да се разбираш од психијатрија

од Берта Китинска

Да се биде келнер или шанкер во Македонија значи да се разбираш и од психијатрија, стои во фејсбук статусот  во кој се напишани најинтересите и најчудни нарачки кои ги добиваат келнерите во кафулињата.

-Како келнер ми имаат све и свашта нарачано у животов, од типот виски со џус од портокал, узо со кока кола, еспресо 70%, еКспресо веќе е нормална појава. Ми имаат нарачано каталог место мени, им дадов каталог од Авон. Ми нарачаа макијато без млеко, џинтоник без џин. Швепс ама зеЉен (мисли на спрајт) Чаша топло млеко со чоколаден прелив у 01ч навечер на коњопој у диско. Траминец црвен, бела т’га. Џони вокер со 2 и ПОЛ коцки мраз. Ама врвот над врвовите беше коа ми нарачаа ЗЕЛКА САЛАТА и МОЕТ. Толку треба да се знае за нас како народ. Нека ме дополни некој колега ако има поинтересни искуства. Али да бидеш келнер или шанкер у Мк значи да се разбираш и од психијатрија, пишува на социјланата мрежа.

loading...

Слични содржини