ФЕКАЛИИ ПО УЛИЦИ, БЕЗ СТРУЈА, ВОДА И МЕДИЦИНА: Седумдневното бомбардирање ја втурнува Газа во хуманитарна катастрофа

од Vladimir Zorba

Еднонеделното израелско бомбардирање на појасот Газа уништи електрични водови, цевки за вода и канализација, поради што сега човечки фекалии се собираат на улиците на градот.

Со над 200 мртви и цели семејства заробени во урнатините, се стравува од хуманитарна катастрофа во сиромашната енклава во која два милиони луѓе живеат под израелско-египетска окупација веќе 14 години.

Шест од 10-те далекуводи во Газа се уништени, а испораката на електрична енергија е преполовена, според тамошната „Електродистрибуција“. „Некои погранични области се целосно отсечени“, изјави портпаролот на дистрибуцијата Мохамед Табет. Екипите поради постојаното бомбардирање не можат да излезат на терен.

Покрај бомбардирањата, Израел го блокираше и пристапот до територијата на сите, вклучително и хуманитарни работници, според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи (ОЦХА).

Залихите со добиточна храна стојат на израелска страна со денови и чекаат дозвола за влез, наведува ОЦХА, додавајќи дека палестинските резерви истекле овој викенд.

Палестинското Министерство за земјоделство предупреди дека без храна, добитокот и живината ќе изумре, оставајќи го појасот Газа без храна. Канцеларијата на ОН исто така наведува дека Израел забранува риболов во водите на Газа, како и дека бомбардирале фарми.

Фабриката за дезинсекција на морската вода не работи поради што 250.000 луѓе немаат пристап до вода за пиење. Во северниот град Бејт Лахија, канализацијата истече, а изметот се натрупува по улиците.

Махмуд Авад, кој живее во Бејт Лахија, за Гардијан изјави дека тој и неговото семејство немаат струја со денови. Бомбардирани се блиските куќи и прекината е струјата, рече Авад.

Мухамед ал-Хадиди за „Ал Џезира“ изјави дека неговата сопруга и четворицата синови Сухаиб (14), Јахја (11), Абделрахман (8) и Висам (6) биле убиени, заедно со уште една жена и нејзините четири деца. Тие биле во посета на братот на жената за да го прослават Бајрам кога се случил нападот. Семејството беше убиено додека славеше Бајрам, а 11-годишниот син на Мухамед Јахија исчезнал во нападот.

„Тие беа деца … Беа безбедни во своите куќи, не носеа оружје и не истрелуваа ракети. Тие беа убиени во облека за Бајрам, додека одеа на прославата. Дали ги стрелате додека спијат? Додека тие се тивки во своите куќи?“, праша очајниот татко.

Самира ал-Масри во понеделникот изгуби две деца, кои починаа додека играа на улица.

„Слушнав голема експлозија и врисоци. Еден сосед ми рече дека моите деца се повредени. Отидов во болницата и ги пронајдов нивните тела. Тие не учествуваа во воени активности. Газа стана земја на мртвите, не само поради војната, туку и сиромаштијата и другите кризи. Никогаш повеќе нема да ги видам. Повеќе сакам Израел да ме убие. Не можам да го видам крајот на овие страдања“, рече таа, објави „Експрес“.

Меѓу жртвите е и петгодишно момче од Израел, кое почина кога ракета на Хамас погоди станбена зграда во пограничниот израелски град Сдерот.

Идо Авигал бил убиен од шрапнел, откако ракетата поминала низ прозорецот на засолништето каде се криеле мајката, синот и ќерката кога во Сдерот се огласиле сирените. Идо починал неколку часа подоцна од повредите, додека неговата мајка и неговата 7-годишна сестра биле повредени.

Слични содржини