Феномен: Фудбалер за една година настапил за Косово, Албанија и Македонија!

од Nikola Popovski

Фудбалерот со албанско потекло Шабан Зенку е име што ветува. Роден 2004 година, 18-годишниот играч од Кичево, кариерата ја развива во германскиот тим, Борусија Менхенгладбах во тимот до 19 години.

Играчот од средниот ред со напаѓачки карактеристики стана дел од дискусиите поради фактот што за една година смени три репрезентации. Тој прво се приклучил на Косово до 18 години, потоа во Албанија до 18 години и на крајот се приклучил на репрезентацијата на Македонија до 19 години, што претставува редок феномен во денешниот фудбалски свет.

Во изјава за „ГазетаБлиц Спорт“, Зенку вели дека стекнал искуство од собирите на трите репрезентации, но дека е особено среќен за голот постигнат за Северна Македонија против Кипар.

„Добив покана од сите три репрезентации и стекнав искуство од сите. Многу ми се допадна, особено во Македонија и среќен сум што помогнав на тимот да победи со мојот гол“, изјавил Зенку.

Сите овие натпревари беа пријателски, па Зенку сеуште има можност да одбере за кого точно ќе настапува.

Слични содржини