Феномен што останува и по Ковид: Едно парче облека им носи рекорден профит на брендовите

од Vladimir Zorba

Ако во светот на модата во текот на 2020 година, едно беше истакнато – тоа е удобноста. Мерките за карантин доведоа до тоа луѓето да работат масовно од дома, во тренерки, хеланки, пижами и да го поминуваат слободното време – секогаш кога можат – некаде надвор, во природа.

Во еден момент, продажбата на овој тип облека го достигна својот врв.

Ирскиот моден гигант Primark исто така го забележува трендот на носење и купување удобна облека, а пред се – хеланки. Тие велат дека продажбата продолжи силно во текот на летото 2021 година, а исто така популарни беа и шорцевите.

Многумина одморот го поминаа дома, уживаа во дворот или ги посетија локалните планини, и иако, да речеме, продажбата во Primark во последните недели беше пониска од очекуваното, тие велат дека профитот на компанијата сепак ги надминал очекувањата.

Се на се, главниот „виновник“ за толку голема побарувачка за удобна облека е работата од дома. Би-Би-Си наведува дека луѓето се помалку ги избираат т.н „паметни аутфити“ за во канцеларија.

Исто така, облеката за спиење е особено популарна, што се дефинира како хибрид – нешто помеѓу пижами и тренерки, како и облека за одмор, како што се соодветни комплети спортски градници, дуксери и долна облека. Многу брендови и модни дизајнери се свртеа кон создавање колекции за вежбање во сала.

Primark рече дека во третиот квартал од неговата финансиска година, „уживал многу силна трговија“, што се совпадна со олеснувањето на мерките против ковид. Значи, се случи интересен феномен: иако ограничувањата се олеснети, вработените немаат намера така лесно да се вратат во „канцелариска облека“ и да ја отфрлат удобноста.

Слични содржини