Ферари губи 7 десетини на правците

од Vladimir Zorba

После разочарувачкиот настап на Ферари во првиот викенд на австриското Гранд При, шефот на тимот смета дека најголемиот дел од дефицитот на „Скудерија“ доаѓа а правците.

„Од секунда, со која заостанувавме во саботата, јас би рекол дека седум десетини доаѓаат од правците. Аеро-подобрувањата за Унгарија ќе решат некои од овие проблеми, но ние одеднаш нема да скокнеме во првите редови“, вели Биното.

Во споредба со квалификациите на истата патека во 2019 година, Ферари беа побавни за секунда. Интересно е што сите три екипи кои ги користат системите за погон на Италијанците (Ферари, Хаас и Алфа Ромео) во текот на целиот викенд беа на дното на ранг-листата со најголема брзина на крајот на правците.

Овој резултат доаѓа откако италијанскиот тим и Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) постигнаа приватен договор за погонскиот систем на Италијанците во зима. Договорот следеше по бројните обвинувања минатата година дека моторот „Скудерија“ е нелегален.

Слични содржини