Ферари напреднале со 100 коњски сили од почетокот на хибридната ера

од Aleksandar Petrovski

Шефот на Ферари, Матиа Биното, ја истакна во бројка предноста,која нивниот мотор ја имал во 2019 година. Се сметаше дека таа е во редот на 50 коњски сили, но Биното негираше: „Вистината е далеку од тоа. Се работи за не повеќе од 20 КС, што сепак не е малку “.

Италијанецот додаде дека веќе моторите на сите го достигнале максимумот на можниот развој и се доста слични, така што дури само 20 КС даваат предност во квалификациите и конкуренцијата.

Во 2014 година, кога започна хибридната ера во Ф1, „Скудерија“ беше 80 КС зад лидерите Мерцедес. Ако Италијанците веќе напреднале со 20 КС во 2019 година, тоа значи дека во тие шест години Ферари напредувале за стотина коњски сили.

– Горд сум на овој развој. Се уште се сеќавам на 2014 година, кога разликата со Мерцедес беше многу голема. Ние направивме неверојатни напори во Маранело да ги стигнеме. Морам да кажам дека направивме одлична работа во овој поглед, вели Биното.

Супериорноста во однос на моќноста на Ферари не остана до крајот на сезоната 2019. Многумина веруваат дека мерките преземени од ФИА влијаеле на моторот на црвениот тим. Биното коментира дека тие имаат врска, но не и директна: „Ние не сме ги промениле условите за работа на моторот. За да постигнеме поголема компресија, зголемена е отпорноста на воздухот. Како резултат, станавме малку побрзи на кривините, но изгубивме малку брзина на правците“ .

Слични содржини