ФЕРАРИ ОД 400.000 ЕВРА е целосно уништено: Глетката го шокираше голманот што го поседува! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Голманот на италијанскиот клуб Џенова, Федерико Маркети, имал непријатно искуство откако го оставил своето Ферари, вредно 400.000 евра во автоперална за време на тренинг и после тоа открил дека неговиот автомобил е целосно уништен.

 

Медиумите во Италија пишуваат дека автомобилот на Маркети го уништиле вработените во автопералната откако тој го оставил Ферари за време на тренингот, а наводно еден од вработените решил да се провози со ова Ферари и удрил во неколку други автомобили кои биле паркирани во близина.

 

Новинската агенција АНСА ја пренесува оваа информација, но не дава дополнителни новости за здравствената состојба на возачот и каква реакција имал голманот на Џенова.

 

 

Фотографиите и видеото покажуваат дека автомобилот претрпел сериозни штети и нема сомнеж дека на крајот цехот ќе го плати непослушниот вработен кој решил сам да ја преземе контролата над автомобилот.

 

Маркети е член на Џенова од 2018 година, претходно бранеше за Лацио од 2011 година и за Каљари и низа други италијански екипи во пониските лиги.

Слични содржини