Фернандеш ќе дебитира утре

од Берта Китинска

Новото засилување на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, може да го направи своето деби утре против Вулверхемптон. Ова го сподели на денешната прес-конференција пред натпреварот менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.

– Тој е добро подготвен и дефинитивно ќе биде во составот за натпреварот. Бруно имаше неколку бурни денови, а вчера неговата ќерка полнеше 3 години. Не знам колку минути ќе има, но ќе биде во составот. Тој е еден вид играч како Пол Сколс. Тој може да стори апсолутно сè, за да нема притисок врз тимот. Бруно го следиме неколку години. Се развива се повеќе и повеќе. Тој ќе биде фантастичен играч за Манчестер Јунајтед, изјави менаџерот на„ црвените ѓаволи “.

Бруно Фернандеш пристигна на „Олд Трафорд“ и потпиша договор за пет ипол години. Манчестер Јунајтед плати 68 милиони фунти на неговиот поранешен клуб Спортинг Лисабон занеговите услуги.

Слични содржини