Ferrari Dino 206 S наскоро на аукција

од Vladimir Zorba

Фановите и колекционерите на Ferrari со „длабоки џебови“ добија шанса да поседуваат исклучително редок модел на Ferrari Dino 206 S од 1967 година, но тие ќе мора да победат на аукција што се одржува овој месец.

Автомобилот е само еден од 18-те произведени примероци.

Dino 206 S „ја здогледа светлината на денот“ во 1966 година и беше произведен од Ferrari за да се натпреварува во класата 4 на автомобили на ФИА со мотори од 2,0 литри. Тој ги „украде“ клиентите на Porsche и стана миленик на приватните тимови во тоа време. Го придвижува V6 мотор, а болидот имаше врвни перформанси на патеката. До крајот на тркачката сезона во 1966 година, Dino 206 S ја докажа својата вредност. Завршил на второто место на трката во Тарга Флорио, бил втор и трет на Нирбургринг и шести на патеката Спа.

Ferrari првично планираше 50 примероци, но проблемите го принудија производителот да го ограничи производството на само 18 примероци.

Автомобилот носи шасија со број 82 и е доставен до Корадо Ферлејн, познат инженер. Историчарот на Ferrari, Марсел Масини, откри дека се натпреварувал на неколку ридски трки помеѓу 1966 и 1967 година. Откако беше сервисиран во фабриката на Ferrari во ноември 1968 година, автомобилот менуваше неколку сопственици пред да биде купен од колекционерот Пјер Бардинон во 1979 година. Оттогаш е дел од некои од најдобрите колекции на автомобили Ferrari во светот. Жак Сетон го купил автомобилот во 1980-тите, а подоцна го продал на британски колекционер. Возилото потоа било реставрирано во Велика Британија во 2003 година, по што било транспортирано во САД.

Во 2014 година следела нова реставрација во фабриката на Ferrari, каде што го добива сертификатот „Red Book“, што ја потврдува оригиналноста на шасијата, моторот и менувачот.

Dino 206 S се смета за еден од најубавите тркачки автомобили во 1960-тите, а ќе се продава на аукцијата на RM Sotheby’s, која ќе се одржи помеѓу 15 и 17 февруари.

Вредноста не е проценета, но се очекува да биде во милиони.

Слични содржини