Ferrari откри како ќе се нарекува нивниот прв SUV (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Првиот модел на Ferrari во SUV сегментот ќе го носи името Purosangue што на италијански значи „чистокрвен“. Според информациите објавени од италијанскиот бренд, тој ќе биде подготвен до крајот на 2022 година. Новиот извршен директор на „црното коњче“, Луис Камилери сепак изјави за време на презентацијата дека не сака претстојниот модел да биде нарекуван SUV.

Камилери откри некои детали за новиот модел. Клиентите ќе можат да избираат помеѓу целосно електричен мотор и хибридна верзија. Ова ќе биде прв модел во историјата на Ferrari со пет врати. Истовремено ќе поседува форма на купе и сигурно ќе биде помал од директниот конкурент Lamborghini Urus. Кога ќе се најде на пазарот, моделот ќе биде најбрз во својот сегмент.

Според Камилери поранешниот претседател на Ferrari, Серџо Маркионе настојувал за создавање на моделот во одговор на промените во вкусовите на клиентите, особено на оние во Кина. Камилери верува дека Purosangue значително ќе го зголеми профитот на компанијата.

Слични содржини