Ferrari Purosangue доаѓа со V12 мотор во септември

од Vladimir Zorba

Ferrari потврди дека во септември ќе го претстави својот прв SUV модел – Purosangue, а извршниот директор на компанијата, Бенедето Виња најави дека автомобилот ќе се движи од атмосферски V12 мотор.

„Purosangue е 100 проценти модел на Ferrari и ќе понуди неколку уникатни решенија за пазарот, вклучувајќи го и нашиот атмосферски V12 мотор, уверени сме дека тоа ќе ги надмине очекувањата на нашите клиенти“, објасни Виња.

Активна суспензија ќе добие и SUV моделот, а во 2018 година компанијата потврди дека таков систем развива техничкиот тим во Маранело. Активната суспензија е многу важна за контролирање на автомобилот со поголема суспензија и моќност над 800 коњски сили.

Веќе се појавија папарацо фотографии од Purosangue кои ги исполнуваат очекувањата за дизајнот на моделот кој ќе им конкурира на Bentley Bentayga, Aston Martin DBX и Lamborghini Urus.

Најверојатно, Purosangue ќе биде достапен и со V12 мотор и со V8 мотор од моделот Roma, кои ќе работат на хибриден систем и нивната вкупна моќност ќе биде над 600 коњски сили.

Основната цена на Ferrari Purosangue се очекува да биде околу 300.000 евра, а со вклучувањето на SUV моделот во гамата на компанијата, годишната продажба на Ferrari има потенцијал да се зголеми до 16.000.

Слични содржини