Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ ќе се одржи следната недела

од Берта Китинска

Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ ќе се одржи следната недела, почнувајќи од 28 септември до 3 октомври., соопштија од Општина Аеродром.

Фестивалот, кој е во организација на Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“ ќе се одржи според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер.

Поради тоа, оваа година „Гола месечина“ ќе биде на нова локација, на фудбалското игралиште покрај детската градинка „Сонце“ во Реонски центар. Фестивалот на комедијата годинава ќе биде од ревијален карактер и ќе изостанат претставите од соседството, а целосниот фокус ќе биде ставен врз македонската продукција на комедии. Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот, а вратите за влез на публиката ќе бидат отворени од 19 часот.

Слични содржини