Актуелно
Почетна / Магазин / Фестивалот „Ohrid Calling“ презакажан за наредната година

Фестивалот „Ohrid Calling“ презакажан за наредната година

Петтото издание на фестивалот „Ohrid Calling“ поради новонастанатите услови наметнати од епидемијата на коронавирусот наместо оваа ќе се одржи наредната 2021 година.

Организаторот на манифестацијата, продукциската куќа „Авалон“ соопшти дека со оглед на масовноста што ја карактеризира фестивалот и концептот на самите фестивалски содржини, донесена е одлука годинашното фестивалско издание да биде презакажано за наредната година.

Планирано е истите гости предвидени за оваа година да бидат на програмата догодина, а фестивалот да трае три дена, во периодот од 30 јули до 1 август, и да се одржи на истата локација – поранешната касарна во Охрид.

Манифестацијата „Ohrid Calling“ се одржува со подршка на Општина Охрид, како настан осмислен да придонесе за збогатување на забавната понуда на градот во летната туристичка сезона.

loading...