Фетаху: Нема никаков проблем јас како Македонец да бидам претседател на Албанија

од Nikola Popovski

Професор д-р Кимет Фетаху гостувал во емисијата на новинарот Енкел Деми на албанската национална телевизија АБЦ Њуз каде зборувал за неговата кандидатура за претседател на Албанија како предлог на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интерација (МАЕИ).

Тој зборувал за своето македонско потекло од село Требиште, областа на Голо Брдо и местоположбата на Македонците во Албанија, за неговата професионална кариера како универзитетски професор и општественик и за предизвиците со кои се соочува албанското општество.

-Јас сум 40 години професор и сум подготвил една цела армија академски граѓани во Албанија од сите етнички заедници. Продолжувам и понатаму да бидат професор на факултетот за геологија и рударство, да подготвувам нови генерации. Затоа сметам дека нема никаков проблем, јас како Македонец да бидат претседател. Па нели во Македонија потпретседател на Влада е Албанец, изјави Фетаху.

Според него, претседателската функција треба да им се врати на академиците.

Од МАЕИ велат дека Фетаху е почитувана личност во Албанија со професионален и личен интегритет.

Слични содржини