Актуелно
Почетна / Македонија / Фетаи и Ристоска поканети на јавната расправа за Законот за ЈО

Фетаи и Ристоска поканети на јавната расправа за Законот за ЈО

Нацрт- законот за јавното обвинителство утре ќе биде тема на јавнaта расправа во Законодавниот дом. На расправата ќе присуствува обвинителкaта Вилма Рускоска, професори и членови од Министерството за правда. Покана имаат добиено и поранешните специјални обвинители Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска.

Дебатата околу текстот на законот доаѓа во време на преговори што владата ги спроведува со опозицијата за да ги обезбеди 80-те гласови потребни за одобрување на законот за јавно обвинителство.

На расправата е поканет и јавниот обвинител Љубомир Јовески, но сѐ уште не е потврдено дали ќе присуствува.

И.Р.

loading...