Фетаи: Не коментирам постапки на други Обвинителства

од Vladimir Zorba

Пред денешниот почеток на судењето за предметот „Титаник 3“, обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство одби да го коментира случајот рекет, што го води Јавното обвинителство за борба против организираниот криминал.

– Не би можела да коментирам за тоа. Постапката „Рекет“ ја води друго Обвинителство кое што е надлежно. За тоа навистина не сакам во ниту еден момент да се мешам, нагласи Фетаи.

Таа додаде најважно е тоа дека СЈО продолжува со својата работа.

– Ете денеска имаме судење за предметот „Титаник 3“ кое е пред завршна фаза. Ние си продолжуваме со работа, потенцира Фетаи.

Слични содржини