Фетел бара начин да се врати во Ред Бул

од Aleksandar Petrovski

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел разговарал со Хелмут Марко додека патувал во ски-центарот Кицбил. Ова го сподели самиот Марко. Советникот на Ред Бул тврди дека четирикратниот светски шампион сакал да ја „опипа почвата“ за евентуално враќање во екипата, каде ги освои сите свои титули.

– Себастијан сакаше да види дали може да се врати кај нас во 2021 година. Но, ниту еден од нас не може да донесе одлука во Кицбил. Себастијан е четирикратен светски шампион и има одредени финансиски услови, освен тоа што долгорочно сме врзани со Макс Верстапен – што не е многу ефтино – па не можеме да си дозволиме двајца скапо платени пилоти, вели Марко за „Ауто Билд“.

Според него, Себастијан треба да дојде за многу малку пари, но и дека не може тимот да побараме такво нешто од него.

– Тоа е еден вид трансфер стапица. Ферари се посвети на Леклер, а ние на Верстапен. Фетел може единствено да вози многу добро оваа сезона, а јас верувам дека тој е способен сè додека има автомобил што му одговара на неговиот стил. Ако тој навистина го победи Леклаер, Ферари ќе мора да размисли за него. Покрај тоа, за него може да биде заинтересиран и Мерцедес, смета советникот на Ред Бул.

Слични содржини