Фетел и Строл и следната сезона во Астон Мартин

од Vladimir Zorba

Германецот Себастијан Фетел и Канаѓанецот Ленс Строл ќе возат за Астон Мартин следната сезона во Формула 1, потврдено е од британскиот тим.

Астон Мартин бележи солидни резултати во тековната сезона и треба да се очекува дека ќе направи дополнителен напредок во следниот период.

Фетел и Строл успеаја да освојат 84 бода во досегашниот тек од шампионатот во Формула 1, а очигледно е дека се задоволни од сработеното во Астон Мартин.

Најдобар резултат беше забележан на Гран при на Азербејџан, кога поранешниот светски шампион Фетел стигна до подиумот.

Слични содржини