Фетел ја напушта Формула 1?

од Vladimir Zorba

Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел најави дека може да го напушти овој спорт доколку не добие соодветна понуда за следната сезона.

Фетел ќе го напушти Ферари, откако не доби понуда за продолжување на соработката.

– Сакам да бидам сигурен дека ќе донесам вистинска одлука за мене и за мојата иднина. Мојата природа е конкурентна, имам постигнато многу во спортот, мотивиран сум и сакам да постигнам повеќе. За да го сторам тоа, ми треба вистинскиот „пакет“ и вистинските луѓе околу мене и тоа е она што го барам во моментот. Ако се појави можност, тогаш е сосема јасно. Ако не, веројатно ќе морам да побарам нешто друго, истакна Фетел.

Сезоната во Формула 1 започнува во недела со трката за ГН на Австрија.

Слични содржини