Фетел: На Гран-при во Бразил постојано нешто чудно се случува

од Aleksandar Petrovski

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел ги сподели своите очекувања за трката од Формула 1 шампионатот планирана за претстојниот викенд во Бразил.

„Трката во Сао Паоло секогаш излегува дека е посебна. Сè може да се случи таму. Не знам зошто, но нешто чудно постојано се случува на таа патека. И ако за една година немаше ништо, тогаш тоа сигурно ќе биде следната. Во принцип, трката на Интерлагос е добра за нашите автомобили изминатите неколку години. Се сеќавам дека добро настапивме овде, Кими беше на подиум минатата година, а пред неколку години победивме тука. Се надевам дека овој викенд среќата исто така нема да не одмине“, изјави Фетел.

Германецот го зазема петтото место во Генералниот поредок.

Слични содржини