Фетел: Никој не знае до кој степен може да се контролира ситуацијата, треба да и веруваме на ФИА

од Aleksandar Petrovski

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел ја коментираше ситуацијата со пандемијата на коронавирус пред австралиското Гран при.

– Многу е тешко да се извлечат заклучоци. Разбираме дека многу спортски настани и големи настани се одложуваат и откажуваат. Како што кажа и Луис Хамилтон, можеби треба да се запрашаме зошто сме тука. Се разбира, ние мора да веруваме во ФИА и да преземеме мерки на претпазливост. Но, мислам, никој нема одговор на прашањето до која мерка можеме да контролираме што се случува. Сега сме тука и ќе се обидеме максимално да се грижиме за безбедноста, изјави Фетел.

Треба да се обидеме сами да ја контролирате ситуацијата, колку што е можно повеќе. Гледаме дека некои не се ракуваат при поздравување, додека некои го прават тоа. Некој го сфаќа ова многу сериозно. Поентата ми е дека сега е многу тешко да се донесе недвосмислен заклучок. Не знам колку ситуацијата е сериозна, додаде Фетел.

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) се уште нема конечна одлука дали првата трка од новата сезона во Светскиот шампионат во Формула 1, предвидена да се вози претстојниот викенд во Мелбурн, ќе биде одложена.

Слични содржини