ФФМ: Приоритет за билети на ЕП ќе имаат медицинските лица кои се борат со коронавирусот

од Nikola Popovski

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини информираше дека Управниот одбор на ФФМ донел одлука приоритет за добивање билети за Европското првенство да имаат сите медицински лица од земјава.

„Одлучивме како награда, доколку ситуацијата со пандемијата се стави под контрола, како резултат за натчовечките напори и заложби кои секојдненво ги прават за заштита на нашето здравје во изминатиот период, а очигледно и во периодот што следува, приоритет за добивање на билети за следење на настапите на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство да имаат сите медицински лица кои се во првите редови во борбата против Ковид – 19 (доктори, сестри, технички персонал)”, соопшти претседателот на ФФМ, дополнувајќи:

„Најсреќен би бил кога во јуни 2021 година нашите медицински лица би ги замениле маските и скафандерите со навивачки реквизити, кога трагите од нив и уморот на нивните лица ќе ги заменат со насмевки за головите што нашите ќе ги постигнат на Европското првенство”,

Засега не е познато дали и колку публика ќе биде дозволена на стадионите за Континенталниот собир. Желбите на УЕФА со сигурност се да се игра пред преполни стадиони, но сè зависи од ситуацијата со коронавирусот.

 

Слични содржини