„Фич“ го намали рејтингот за 33 земји

од Stefanija Kuzmanovska

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го намали кредитниот рејтинг за 33 земји во првата половина од оваа година, а таа работа, се чини, е далеку од готова, имајќи предвид дека пандемијата на коронавирусот прави поголема дупка во државните буџети, јавува CNBC.

Џејмс МекКормак, глобален шеф за суверени рејтинзи, вели дека агенцијата ги оценила негативно изгледите за кредитен рејтинг за други 40 земји или суверени субјекти, што значи дека нивниот рејтинг би можел да се намали.

„Никогаш во историјата на „Фич“ немавме 40 земји со негативни изгледи во исто време, откако спуштивме 33 суверени рејтинзи во првата половина од годинава“, изјави МекКормак за CNBC денес.

Тој додава дека тие никогаш не скратиле 33 суверени рејтинзи за една година, а сега го сторија тоа за само половина година.

Меѓу државите чијшто кредитен рејтинг е намален, меѓу другите, се и Велика Британија, Австралија и Хонг Конг.

МекКормак објасни дека многу влади ги зголемиле трошоците за да ги заштитат своите економии од сериозно влијание на пандемијата на коронавирус и дека очекува финансиската состојба да се влоши во сите 119 држави што ги проценува агенцијата.

Слични содржини