Фицо: Русија никогаш нема да биде воено поразена во Украина

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека е јасно дека Украина нема доволно сила воено да ја промени ситуацијата во војната со Русија, дека не е способна да изврши контраофанзива и оцени дека ниту целото оружје, ниту сите парите во светот можат да и помогнат на Украина бидејќи, посочи тој, „Русија никогаш воено нема да биде поразена“.

„Русија воено ги контролира Донбас, Луганската област и Крим, а само наивен може да помисли дека руските сили во иднина ќе ги напуштат тие територии по преговори“, истакна Фицо за словачка „Правда“.

Според него, Русија наскоро ќе почне да ги диктира условите за решавање на конфликтот во Украина.

Слични содржини