Фидес и Орбан го напуштија најголемиот парламентарен клуб во Европскиот парламент

од Nikola Popovski

Унгарската владејачка партија Фидес во средата објави дека ја напушта најголемата политичка група од десниот центар во Европскиот парламент.

Излегувањето на Фидес од парламентарната група на Европската народна партија (ЕПП) веројатно ќе го намали влијанието на Орбан во Брисел по долгиот конфликт околу ситуацијата во Унгарија за владеењето на правото и човековите права.

„Со ова ве известувам дека европратениците од Фидес се повлекуваат од членството во групата ЕПП“, напиша Орбан во писмото до претседателот на парламентарниот клуб Манфред Вебер, објавено на Твитер од Каталин Новак, потпретседател на Фидес.

ЕУ го обвинува Орбан за построга контрола на судовите, медиумите, академиците и невладините организации. Орбан, кому му претстојат избори следната година, ги отфрла критиките на Унијата и одбива да го смени неговиот пристап.

Нарекувајќи ги промените „непријателски потег против Фидес“, Орбан реагираше пред ЕПП да им го одземе правото на 12 пратеници на Фидес да зборуваат во име на политичката група или да ја застапуваат.

Орбан во писмото наведува дека ограничувањето на членовите на Фидес во ЕП во извршувањето на нивните должности „ги лишува унгарските гласачи од нивните“.

Слични содржини