ФИФА ги спушти Италијанците на земја

од Nikola Popovski

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација остро ја отфрли можноста за дополнителен пласман на Азурите на Светското првенство.

Репрезентацијата на Италија отпадна од квалификациите за СП по поразот од Македонија, но сепак се надеваа дека ќе успеат да стигнат до Катар.

Нивните надежи се засноваа на евентуална суспензија на Иран, бидејќи Федерацијата на таа земја не дозволи жени да присуствуваат на нивниот одлучувачки натпревар за Светското првенство. Иако ваквите надежи на Апенините немаа правна основа, никој во ФИФА не размислуваше за опцијата да ги исфрли Иранците од Мундијалот.

„Ве молам, да бидеме сериозни“, изјави денеска Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА.

Пред него, членот на извршниот одбор на ФИФА, Евелина Кристилин изјави дека „Аѕурите“ не можат да добијат посебна покана за турнирот наместо селекцијата која по регуларен пат се квалификувала.

Слични содржини