ФИФА: Левандовски e најдобриот фудбалер на светот за 2020 година

од Nikola Popovski

Роберт Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер на светот.

Оваа година не се доделува „Златната топка“, но беше доделена наградата „Бест“. ФИФА објави дека полскиот напаѓач е најдобриот фудбалер на светот за 2020 година.

Тој победи во конкуренција на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Оваа сезона освои сè со Баерн – Бундеслигата, Купот на Германија и Суперкупот, Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа.

Тој беше најдобар стрелец во Бундеслигата, Купот и Лигата на шампионите, а блескаше и во дресот на полската репрезентација. Вкупно постигна 55 погодоци на 47 натпревари.

Слични содржини