ФИФА става крај на сагата помеѓу Нејмар и Барса

од Vladimir Zorba

Од ФИФА ја прекинаа истрагата за случајот на неплатени од страна на Барселона 30 милиони евра бонус за верност на таткото на суперѕвездата на Пари Сен Жермен – Нејмар.

Фудбалската организација започна истрага по обвинувањата на Бразилецот на адреса на каталонскиот клуб дека Барса не го испочитувала условот од договорот, според кој родителот требало да добие 30 милиони евра, ако напаѓачот остане играч на клубот до 1 август 2017 година.

Подавајќи тужба до судот и ФИФА, Нејмар побара исклучување на Барселона од Лигата на Шампионите. Организацијата одлучи да го прекине случајот токму затоа што фудбалерот се обратил на оваа тема кон други инстанци.

Претходно од штабот на каталонците изјавија дека Бразилецот не исполнил два услови – не требало да преговара за трансфер во друг клуб месец пред датумот на плаќање (1 септември) и освен тоа требало да покаже желба да го продолжи договорот со клубот и за во иднина.

Слични содржини