Актуелно
Почетна / Спорт / ФИФПРО: Сезоната треба да заврши

ФИФПРО: Сезоната треба да заврши

Светскиот сојуз на професионални фудбалери, ФИФПРО најавува дека тековната фудбалска сезона мора да се заврши по секоја цена, откако ќе заврши кризата со кронавирус. Во оментов, целиот светски фудбал е стопиран поради пандемијата на КОВИД-19, бидејќи сè повеќе експерти веруваат дека сегашната кампања за локалните првенства и евротурнирите во никој случај не е завршена и треба да се поништи.

„Целиот фудбал ќе се изгуби ако се случи тоа. Мислам дека воопшто не е одговорно да се разговара за ваква варијанта во моментот. Ако имаме каква било можност да ја завршиме сезоната, треба да го сториме тоа, бидејќи во спротивно, тоа ќе има огромен негативен ефект врз играчите и на сите други во нашиот спорт“, коментира генералниот секретар на ФИФПРО, Јонас Баер-Хофман.

Хофман даде неколку добри и лоши примери за тоа како клубовите реагирале во време на криза.

„Еден клуб во Србија ги исплати своите фудбалери до јуни, а во Костарика постигнаа општ договор за исплата на плати. Некои екипи во Индонезија генерално ја искористија ситуацијата за да го оправдаат намалувањето на платите. Неопходно е да се земе во предвид сосема различната економска состојба. Овие мерки, преземени од елитните клубови и играчи, не можат да бидат подалеку од скалата. Има луѓе кои буквално добиваат од 300 до 1.000 долари месечно, сосема е различно за тие да бидат платени помалку“, додаде тој.

Хофман го прокоментира и фактот дека првенството во Белорусија продолжува да се одржува, дури и ако на ниедно друго место во Европа не се игра фудбал.

„Тешко ми е да го објаснам тоа. Контактиравме со играчи кои се под притисок. Разумот ни вели дека таму треба да донесат исти мерки како на друго место“, рече генералниот секретар на ФИФПРО.

loading...