Фиктивна продажба на станови – граѓани од Куманово оштетени за над 100.000 евра

од Љубиша Владимиров
175 прегледи

Основното јавно обвинителство Куманово покрена истрага против едно лице од Скопје и едно правно лице поради сомнение за измама. Осомничениот 35-годишник се претставувал како вработен во државна агенција и на двајца граѓани од Куманово им понудил лажна продажба на станови во Скопје и Охрид. Тие му уплатиле вкупно 115.754 евра – дел во готово, дел на сметка на фирмата. Обвинителството побара притвор за осомничениот.

Слични содржини