Филаделфија ќе им плати отштета од 9,25 милиони долари на демонстрантите на протестите за Флојд

од Stefanija Kuzmanovska

Градските власти на Филаделфија соопштија дека ќе платат отштета од 9,25 милиони долари за да ја решат колективната тужба која ја покренаа демонстрантите за расна правда кои ја обвинија градската полиција дека ги злоставувала на собирот во 2020 година, по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Градската влада на Филаделфија соопшти дека исплатата ќе биде распределена на 343 тужители кои наводно претрпеле физички и емоционални повреди за време на полицискиот одговор на протестите поради убиството на невооружениот Флојд од страна на полицијата во Минеаполис, објави „Ројтерс“.

Градот, исто така, ќе обезбеди грант од најмалку 500.000 долари за финансирање бесплатно советување за ментално здравје за жителите на Западна Филаделфија, претежно афроамериканска заедница кои биле жртви на полициско насилство, рекоа адвокатите на тужителите.

Слични содржини