Филипче: Без разлика што бројките паѓаат, периодов мора да бидеме претапзливи

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче по редовната утринска координација со директорите на клиниките соопшти дека бројот на хоспитализации во болниците, се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти.

-На редовната утринска координација со директорите на клиниките разговаравме за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид центрите и ротациите со персонал. Бројот на хоспитализации во болниците, се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со ковид, се намалува и бројот на позитивни пацинети, што значи дека мерките даваат резултати. Без разлика што бројките паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително претапзливи, поради непредвидливоста на вирусот, информираше Филипче.

Слични содржини