Филипче: Болничките капацитетите сé повеќе се исполнуваат, обезбедуваме кревети, но оди сé потешко

од Берта Китинска

Болничките капацитетите сé повеќе се исполнуваат, во инфективните одделенија кои третираат ковид пациенти, изјави министерот за здравство Венко Филипче во Дневникот на телевизија Сител.

„Веќе се наполнија првите спратови во зградата на интерните клиники. Обезбедуваме кревети и кадар, но оди сé потешко. Сé повеќе се исцрпуваат капацитетите во смисла на лекари, медицински сестри, тимови, интернисти, пулмолози и анестезиолози, како и болнички кревети. Спремни се и дополнителни капацитети и во ГОБ „8 Септември“, но со оваа диманика навистина за кратко време може и тие дополнителни кревети, места коишто ги обезбедуваме да се пополнат. Веќе предвидуваме места и на хирушките клиники, но тоа може да значи, ако веројатно продолжи овој тренд, дека во еден момент ќе запре целокупниот нормален програм којшто сега сé уште функционира – системот за закажување Мој Термин, редовните операции да почнат да се откажуваат и сите доктори, сестри да бидат посветени на лекување на пациентите со ковид-19. Тоа ќе биде прв пат во историјата целиот систем да лекува само една патологија, со цел да се намали притисокот. Ова е криза насекаде, кај нас, во регионот, во цела Европа. Но, обезбедувањето на кревети, посебно на кадар оди сé потешко“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека така е и во соседните земји и во Германија, целиот кадар се мобилизира и капацитетите се полнат брзо.

Слични содржини