Филипче: Бројките на заболени се апсолутни точни, се споделуваат и со СЗО

од Aleksandar Todeski

Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес конференција посочи дека нема простор за манипулација за бројакта на заболени бидејќи истата се споделува и со Светската здравствена организзација.

Фото: Борче Поповски

„Не треба да се има ниту најмал сомнеж за бројките. Тие се апсолутно точни и не може да биде поинаку, ги споделуваме со СЗО, простор за манипулации нема, ниту ќе има“, посочи Филипче.

Тој истакна дека седум лица заболени од коронавирусот се во потешка здравствена состојба, но немаат потреба од механичка вентилација. Стабилна е состојбата и на пациентите во Штип.

„Во последните 24 часа имаме 18 нови случаи од кои 11 во Скопје, четири во Прилеп, два во Куманово и еден во Тетово. Вкупно до 12 часот има 219 лица заболени од коронавирусот. До сега имаме тројца излекувани и за жал, тројца починати“, истакна Филипче.

Слични содржини