Филипче: Четиригодишното девојче е сместено во инфективниот оддел со мајката

од Aleksandar Todeski

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека до 16 часот шест новозаболени лица, со што бројот се искачи на 48 лица.

Фото: Борче Поповски

За четиригодишното девојче кое е заболено, тој посочи дека е сместена во инфективното одделение во Болницата во Штип.

„Во Штип за првпат е дијагностициран вирусот кај четиригодишно девојче, кое се заразило во градинка во Анлгија. Девојчето било во домашна изолација, а во земјава се вратиле на 14 март. Во инфективното одделение е сместена со мајката“, рече Филипче.

Министерот посочи и дека ќе се земат брисеви и материјали од луѓето кои според епидемиолошките прегледи, ќе треба да се испитаат.

Слични содржини