Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Филипче: Да ги заштитиме здравствените работници, од нив зависи јавното здравје

Филипче: Да ги заштитиме здравствените работници, од нив зависи јавното здравје

„Апелирам до сите граѓани – да ги заштитиме здравствените работници. Од нив зависи јавното здравје, од нив зависат нашите животи. Тие за сите нас, ние за сите нив“, сподели вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

„Секогаш давајте точни одговори на епидемиолошките анкети – кои се вашите сиптоми, дали сте биле во контакт со лице од странство или лице заболено од КОВИД-19. Со лажни информации ги ставате во опасност здравствените работници кои се грижат за вас, но и вашите најблиски со кои секојдневно сте во контакт. Носете заштитна опрема и држете растојание доколку се сомневате дека сте заболени од КОВИД-19 или имате сиптоми карактеристични за вирусот“, посочува тој.

Оваа борба зависи од секој од нас, продолжува министерот. „Сега, како никогаш досега, треба да покажеме одговорност“.

loading...