Филипче: Деновиве ќе објавиме детална анализа до јавноста за очекувањата, заштедивме милион денари со набавката на реагенси

од Nikola Popovski

Министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција на новинарско прашање одговори дека Министерството за здравство заштедило околу милион денари со набавката на тестови за коронавирусот.

„Набавката на реагенсите иде преку ИЈЗ Скопје и преку самото министерство. Заштедата е околу милион денари, од 3 милиони потрошени се 2, согласно понудите за пакетот за китови“, објави министерот.

Тој се уште стои на претходниот став дека пикот на епидемијата се очекува кон крајот на април и дека тој ќе изнесува околу 2000 заразени лица.

„Во текот на деновиве ќе споделиме детална анализа до јавноста, со експерти епидемиолози од Инфективната клиника, во врска со очекувањата и временскиот интервал на болеста. Ќе објавиме се пред јавноста во врска со ризиците на грешка и нашите анализи“, соошти министерот.

Тој исто така информира и дека кај семејствата на заразените доктори од Кожната клиника нема позитивни случаи и дека во државава нема автохтоно шариште, односно сите заразени лица се преку кластери или во претходен контакт со заразено лице.

Филипче најави и дека од следната недела ќе има мобилните тестирања, подготовките траеле изминатите денови, денеска утре во текот на викендот ќе се селектираат уште пошироки групи согласно мислењето на епидемиолозите и тоа во подрачја, градови во кои сметаат дека тоа треба да се аплицира.

– Денеска имав состанок со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз на која и се заблагодарив за поддршката која изминатиот период ја даваа на осовременувањето на лабораторијата во Институтот за јавно здравје и сега таа е централна институција во земјава каде се вршат сите тестирања. Нашата земја во текот на вчерашниот ден беше примена и во една голема студија за избор на најсоодветна терапија за пациенти заболени од коронавирусот, која ја води СЗО и во која се вклучени повеќе земји. Во студијата се анализираат резултатите од повеќе пристапи во лекувањето. Комбинацијата на лекови веќе се дава на пациентите на Клиниката за инфективни болести кај кои може да се даде согласно проценката на специјалистите по инфективна медицина, рече Филипче.

 

Слични содржини