Филипче: Деветгодишно момче е првиот донор на матични клетки, со што ја спаси својата сестра

од Nikola Popovski

Ана Марија и нејзиниот мал брат Никола се деца за восхит! Ова деветгодишно весело момче што сака да биде фудбалер, е првиот донор на матични клетки во нашата земја со што ја спаси својата сестра. На Ана Марија и беше извршена трансплантација на коскена срцевина и таа ја победи опасната болест, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој информира дека „ова прекрасно семејство го запознал на Клиниката за хематологија“.

-Си заминаа од болница по долгиот третман кој го водеше стручниот лекарски тим на Клиниката. На моите колеги им честитам за уште еден успех и триумф над опасната болест. На Ана Марија и Никола им посакувам безброј среќни моменти и многу здравје, стои во објавата на Филипче.

Слични содржини