Филипче до колегите: Ви благодарам што секојдневно се борите за секој живот!

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил повторно упати благодарност до своите колеги.

-Колеги, Ви благодарам што секојдневно се борите за секој живот! Ви благодарам што се грижите за здравјето на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели, давајќи сѐ од себе во справувањето со ковид-19. Ги повикувам сите граѓани да им ја олесниме работата и да ги почитуваме мерките за заштита без исклучок! Да бидеме одговорни со носење маска, одржување физичка дистанца и често миење на раце. Тие ја заслужуваат поддршката од сите нас, напишта Филипче.

loading...

Слични содржини