Филипче: До конечниот став на ЕМА, АстраЗенека нема да ја даваме на помлади од 60 години

од Nikola Popovski

„Сите вакцини во нашата земја се сигурни. Тие ги поминаа сите вообичаени проверки на контролата за квалитет. Тоа значи дека буквално се безбедни за употреба“, вели министерот за здравство, Венко Филипче за вакцинацијата која се спроведува во нашата земја.

Тој соопшти дека ги пратат сознанијата од разни земји и ги пратат препораките за АстраЗенека, иако немаше официјално соопштение од ЕМА.

„До конечниот став од ЕМА, АстраЗенека нема да ја даваме на лица помлади од 60 години“, истакна министерот.

Слични содржини