Филипче: Дојде целата донација вакцини од Србија, дозите од Синофарм се пристигнати во Истанбул

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека стигнале уште 13.000 руски вакцини од предвидената донација од Србија и ја опишата целата состојба со вакцините кои што треба да пристигнат во земјава.

„Ова е заокружување на тие 20.000 вакцини што беа предвидени. Не сме разговарале за дополнителна помош од Србија. Што се однесува до кинеските вакцини, тие се пристигнати во Истанбул и треба да тргнат на пат за нашата земја.  Исто така, секој следен понеделник во мај е предвидени од 5 до 7 вакцини од Фајзер, со што ќе дојдеме до бројката од вкупно 26.000. Во контакт сме и со Ковакс системот за доставата на дополнителните вакцини од АстраЗенека, како и Спутник V, што треба директно да пристигнат од Русија“, рече Филипче, на прес-конференција по повод донацијата на респиратори од Кралството Норвешка.

Министерот додаде дека во земјава се пријавиле околу 150.000 граѓани за вакцинација.

Слични содржини