Филипче: Доктор Јота има нагмечување на мозокот и е на респиратор

од Берта Китинска

Доктор Јота има тешка повреда на главата и се наоѓа на oдделот за интензивно лекување, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, за состојбата на докторот Ѓорѓи Јота, кој синоќа беше прегазен од страна на малолетник

„Има нагмечување на мозокот и белите дробови и поставен е на респираторна машина. Сега се преземаат сите мерки на интензивно лекување“, вели Филипче.

Од МВР информираа дека вчера бил удрен пешак, кој поради сериозноста на повредите е префрлен на скопските клиники.

– На 25.02.2021 во 20.30 часот било пријавено дека на крстосницата од булеварот Мајка Тереза и улицата Елисие Поповски-Марко патничко моторно возило БМВ Х6 со скопски регистарски ознаки управувано од 16-годишник удрило во Ѓ.Ј. (58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, соопштија од министерството.

Слични содржини