Филипче: Доктор од Психијатриската болница во Демир Хисар позитивен на КОВИД-19

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека во функција е нова веб-страница во врска со Ковид-19.

„На страницата coronavirus.gov.mk ќе има информации, совети, заштита, насоки и сите дневни вести поврзани со коронавирусот. Истата страница ќе биде достапна и на социјалните мрежи“, изјави Филипче.

Според него, во изминатите 24 часа се направени 342 тестови и потврдени се 30 нови случаи.

„По градови, во Скопје имаме 12 нови случаи, Куманово 8, Прилеп 9 и Крива Паланка 1 лице. Досега вкупно се направени 4117 тестови. На инфективната клиника имаме 64 пациенти, од кои 6 се од последните 24 часа. Од вкупниот број, 8-мина се со потешка клиничка слика“, додаде Филипче.

Тој соопшти и за нов позитивен случај меѓу медицинскиот персонал, поточно за доктор од Психијатриската болница во Демир Хисар.

„Лекарот е асимптоматски случај и бил во контакт со останати доктори. На сите тие им е изречена мерка за самоизолација од 14 денови.

Поради тоа што е под функција на болницата во Демир Хисар, затворен е и Центарот за ментално здравје во Прилеп.

Слични содржини